(Видео) Први снимки од страшната несреќа во Италија: сопружниците ги приклешти камион, стотици заглавени во возилата

Видео-Први-снимки-од-страшната-несреќа-во-Италија-сопружниците-ги.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Двајца сопружници и возач на камион загинаа денеска во тешките сообраќајни несреќи на италијанските автопати, кои се случија со разлика од само неколку часа.

Во двете сообраќајки загинале најмалку три лица, а повредени се повеќе од 50, според последните извештаи на медиумите.

Во судирот во кој учествувале 20 возила загинале двајца сопружници.

Според информациите, 3 лица се здобиле со тешки физички повреди, додека останатите се здобиле со полесни повреди.

Во вториот верижен судир, кој се случи околу 11:55 часот на автопатот А22, во кој учествуваа околу 100 возила, загина едно лице – неидентификуван возач на камион.

Маглата ги отежна спасувачките операции, додека многу учесници останале заробени во своите возила.

Во верижниот судир учествувале камиони, автомобили, комбиња, како и два носачи на автомобили.

Во истиот регион денеска се случиле 11 одвоени сообраќајни незгоди, поради временските неприлики кои ја намалиле видливоста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK