(Видео) Поранешната министерка на Трамп се изгуби во географијата за време на тв-интервју


screenshot-2026-06-14-104842.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешната американска министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, направи голем географски гаф за време на интервјуто со познатата водителка Грета Ван Сустерен, мешајќи ги континентите во живо на телевизија.


На директното прашање од Ван Сустерен за тоа кој е најдобриот сојузник и пријател на Соединетите Американски Држави во Јужна Америка, Ноем одговори: „Многу соработувавме со Ел Салвадор… Костарика беше фантастична“. Меѓутоа, ниту една од двете споменати држави не се наоѓа на јужноамериканскиот континент – и Ел Салвадор и Костарика се дел од Средна (Централна) Америка.

Кристи Ноем е влијателна републиканска политичарка која меѓу своите критичари го доби прекарот „Ајс Барбика“, поради нејзините чести и медиумски експонирани појавувања со агентите на имиграциската служба „Ајс“ за време на рации и депортации.

Нејзината кариера неодамна претрпе сериозен удар кога претседателот Доналд Трамп, на почетокот на март 2026 година, ја смени од функцијата министерка за внатрешна безбедност. Смената уследи по неколкудневни исцрпувачки сослушувања во Конгресот и низа контроверзии што го следеа нејзиниот мандат, вклучувајќи ги критиките за трошење јавни пари, лошото управување со ресорот и наводната љубовна врска со долгогодишниот соработник на Трамп, Кори Левандовски. По разрешувањето, таа беше преместена на новоформираната позиција како специјален пратеник за програмата „Штит на Америка“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK