(Видео) Полскиот премиер Доналд Туск пристигна во Киев

Видео-Полскиот-премиер-Доналд-Туск-пристигна-во-Киев.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полскиот премиер Доналд Туск денеска пристигна во главниот град на Украина, Киев, со цел да и даде поддршка на земјата која се приближува на двегодишнината од конфликтот со Русија, соопшти неговиот кабинет.

Заедно со веста, објавени се снимки на кои се гледа како новоизбраниот лидер на Полска пристигнува на железничката станица во Киев, а потоа положи венец на Ѕидот на сеќавањето на паднатите бранители на Украина, пренесува Ројтерс.

Од почетокот на конфликтот со Русија, Варшава се покажа како еден од нејзините клучни сојузници, а посетата на полскиот премиер се совпаѓа со празникот Ден на украинското единство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK