(Видео) Бес поради потегот на индискиот премиер: Моди отвори хинду храм изграден на урнатините на џамија

Видео-Бес-поради-потегот-на-индискиот-премиер-Моди-отвори-хинду.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Индискиот премиер Нарендра Моди денеска го отвори хиндуистичкиот храм изграден на урнатините на џамијата во градот Ајодја во северна Индија.

Храмот е посветен на хинду богот Рама, пренесува АП и додава дека Моди, облечен во традиционална облека, ја водеше церемонијата на отворање придружена со религиозни песни од хинду свештеници во храмот каде минатата недела беше поставена камена скулптура на богот Рама висока 1,3 метри.

„Ми причинува големо задоволство што сум дел од оваа божествена програма“, објави индискиот премиер Моди на својот профил на „Икс“.

Тој, исто така, пееше хинду религиозни песни пред да постави цветни ливчиња во основата на скулптурата на богот Рама, се помоли и потоа се поклони пред статуата на Рама, објави Ројтерс.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK