(Видео) Нов гаф на Бајден: имал проблеми додека држел говор во Белата куќа

Screenshot-2024-06-11-190340.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден уште еднаш ја загрижи јавноста со своето однесување, пишуваат светските медиуми.


Вчера 81-годишниот Бајден прво „замрзна“ неколку секунди во дворот на Белата куќа додека слушаше концерт. Остатокот од публиката ракоплескал во ритамот на музиката, додека американскиот претседател стоел неподвижен, пишува „Sky News“.

Подоцна одржа говор, но таму се појавија нови проблеми, пишува медиумот. Спопред написите, во еден момент тој станал нејасен, борејќи се да ги изговори зборовите. Бајден одржал говор по повод националниот празник кој се одбележува на 19 јуни во знак на сеќавање на укинувањето на ропството.

Прокламацијата за еманципација на Абрахам Линколн не ги ослободи робовите преку ноќ. Откако беше издадена на 1 јануари 1863 година, беа потребни повеќе од две и пол години да стане реалност. Во овој период, илјадници црни Американци не знаеја за својата слобода.

Сè уште имало робови во јужните држави поради отпорот на прогласувањето. Дури на 19 јуни 1885 година војниците пристигнаа во Галвстон, Тексас, носејќи им слобода на последните преостанати робови. „Црната историја е американска историја“, рече Бајден во својот вчерашен говор.

Тој предупреди дека некои „стари духови“ во ново руво, што е прикриена референца на некои од неговите републикански ривали, се обидуваат да им ја одземат слободата на црните Американци со тоа што ќе им го отежнат гласањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK