(Видео) Мал авион се урна врз далековод, настрадаа маж и мало дете

Видео-Мал-авион-се-урна-врз-далековод-настрадаа-маж-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку две лица загинаа во авионска несреќа во северниот дел на Нов Јужен Велс (NSW) во Австралија, соопшти во вторникот полицијата.

Авионот се урна врз далновод на околу 25 километри западно од градот Графтон.

„Се верува дека две лица во авионот загинале. Полицијата работи на идентификување на патниците во авионот“, се вели во соопштението на полицијата на Нов Јужен Велс.

Како што пишува локалниот портал 9news.com.au, во авионот загинале маж и дете. Авионот се запалил откако удрил во далноводи во Лилидејл, во близина на Графтон, нешто по 8.30 часот.

За жал, авионот се запалил по ударот – изјави инспекторот Арон ван Шеик.

Во соопштението полицијата додава дека ќе соработува со воздухопловните власти во истрагата за околностите на несреќата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK