(Видео) Има мртви во ураганот на Флорида – над 230.000 жители без струја, поплавени се градови

1693405910-Snimka-zaslona-2023-08-30-163137-900x561.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Опасниот ураган Идалија ја погоди Флорида, оставајќи илјадници жители без струја, двајца мртви и поплавени градови.

Земјата е зафатена од обилни дождови и континуирани ветрови со брзина од над 170 километри на час.

Претходно беа издадени наредби за евакуација за речиси 12 милиони луѓе во централна и северна Флорида и југоисточна Џорџија, а гувернерот на Флорида Рон ДеСантис ги предупреди жителите сериозно да ги сфатат предупредувањата за евакуација, пишува „Си-ен-ен“.

Во првичните извештаи за ураганот веќе се наведуваат проблеми со пристапот до евакуираните области, при што многумина се заробени во своите домови. Ураганот предизвикува поплави долж крајбрежните области и остави повеќе од 230.000 жители на Флорида без струја.

Два смртни случаи се припишуваат на ураганот Идалија. 40-годишен возач починал откако изгубил контрола над „Форд Ренџерот“ и удрил во дрво. Во округот Алачуа, 59-годишен маж возејќи „тојота“ удрил во дрвја во „екстремно влажни услови“ и починал, се вели во соопштението на патролата на автопатот. Се предупредува дека бројот на смртни случаи би можел да порасне.

Издадено е предупредување за торнадо за делови од Северна и Јужна Каролина и ќе биде во сила до 22 часот, објави Националната метеоролошка служба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK