Вчера во 09:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ц.Д.(51) од село Бегниште, кавадаречко.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени ловечки карабин со оптички нишан со пет куршуми, ловечки карабин со четири куршуми, ловечка пушка со пет куршуми, 14 ловечки патрони и шест куршуми без соодветна документација.
Ц.Д. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.