(Видео) Експлозија во град во Тексас, има повредени, полицијата: Избегнувајте го центарот на градот

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голема експлозија била пријавена во центарот на градот Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас. Експлозијата се случила вчера во попладневните часови по локално време.



Единаесет лица се повредени во експлозијата во хотелот Сендмен Сигначр, соопштија службите за итни случаи.

Од повредените едно лице е во критична состојба, двајца се тешко повредени, а другите полесно. Портпаролот на градската управа на Форт Ворт, Рејн Телес изјави дека експлозијата се случила во центарот на градот и дека над облакодерот е забележан облак од густ чад, пишува Си-Ен-Ен.

Телес рече дека остатоците биле расфрлани околу областа на градското собрание.

„Во моментов работиме на голем инцидент. Избегнувајте го центарот на градот“, објави полицискиот оддел на Форт Ворт на X.

Полицијата соопшти дека ќе објави детали за инцидентот кога ќе има повеќе информации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK