(Видео) Драматични сцени од Австралија: хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покривите


spasuvanje-avstralija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Австралиската телевизија „Еј-би-си“ објави „поплави од невидени размери“, опишувајќи драматични сцени додека хеликоптери и чамци ги евакуираа жителите заробени на покривите поради обилни дождови и силни ветрови, проследени со ниски температури.


Официјалните лица изјавија дека околу 1.600 лица од службите за итни случаи се распоредени за да помогнат во спасувачките операции.

Некои жители ја поминаа ноќта на покривите поради надојдената вода. Една жена изјави за телевизискиот канал „9 Њуз“ дека таа и нејзиното семејство биле заробени околу 12 часа, опкружени со брзо растечка кафеава вода.

Повеќе од 80 училишта останаа затворени, а регионот беше погоден од прекини во снабдувањето со електрична енергија. Метеоролозите предвидуваат пообилни дождови до петок. Бирото за метеорологија издаде предупредувања за „поплави опасни по живот“ во неколку области.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK