Најмалку четири лица, вклучително и едно дете, загинаа, а голем број беа повредени во Оклахома овој викенд, откако десетици торнада ги зафатија јужните држави додека синоптичарите предупредија повеќе од седум милиони Американци за можноста од торнада, пренесе АП.
Националната метеоролошка служба вчера издаде и предупредување за силни ветрови, силен дожд и град за повеќе од 47 милиони луѓе од источен Тексас до Илиноис и Висконсин.
Низ централниот дел на земјава денеска ќе продолжи нестабилното време, соопшти метеоролошката служба.
Daylight drone footage of the damage caused by the tornado late last night in Sulphur, Oklahoma, United States 🇺🇸
▪︎ 28 April 2024 ▪︎
🎥 WX Chasing (Facebook) pic.twitter.com/q2t86U6g2e— DISASTER TRACKER (@DisasterTrackHQ) April 28, 2024
Гувернерот на Оклахома, Кевин Стит, вчера прогласи „вонредна катастрофа“ за неговата држава, ставајќи на располагање средства за спасувачките операции. Стит во видео порака на социјалните мрежи објави дека планира да ги посети местата опустошени од невремето.
Drone footage shows the destruction of this tornado that hit Sulphur, Oklahoma pic.twitter.com/BCzUypX7tV
— • ᗰISᑕᕼIᗴᖴ ™ • (@4Mischief) April 28, 2024
NWS објави дека 38 можни торнада допреле во областа и дека најлошото невреме ја опустоши централната Оклахома во саботата и рано во неделата, раширувајќи се во северозападниот дел на Тексас, западниот дел на Мисури и Канзас.
Одделот за управување со вонредни ситуации во Оклахома извести за еден смртен случај и повеќе од 30 повредени, додека десетици домови се уништени.
Catastrophic damage in Sulphur, Oklahoma, after an overnight tornado. #OKwx pic.twitter.com/Pq8LmRUSCC
— AccuWeather (@accuweather) April 28, 2024
Агенцијата предупреди дека обемот на уништувањето сè уште се проценува, поради нередот со соборени дрвја и далноводи и патишта полни со отпад.