(Видео) Денот што го промени светот: Годишнината од терористичките напади на САД

Screenshot-2024-09-11-122034.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се одбележува 23-годишнината од терористичките напади на САД, кога животот го загубија околу 3.000 луѓе. Два киднапирани авиони тогаш ги погодија кулите „близначки“ на Светскиот трговски центар во Њујорк, како и комплексот Пентагон во Вашингтон. Еден авион се урна во Пенсилванија.



Директна последица од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година беше одлуката на Белата куќа на чело со Џорџ Буш да му објави војна на тероризмот во светот, што несомнено суштински ги определи тенденциите во меѓународните односи од првите децении на 21. век.

Во Соединетите Американски Држави секоја година со голема посветеност се сеќаваат на жртвите од нападот пред 17 години.

Жртвите на терористичкиот напад загинаа откако два киднапирани авиони ги погодија кулите „близначки“ на Светскиот трговски центар во Њујорк, кои потоа се урнаа, како и кога трет авион удри во комплексот Пентагон во Вашингтон, а четвртиор се урна во Пенсилванија.

Два киднапирани авиони удрија во кулите „близначки“

Околу 3.000 луѓе ги загубија животите. Од кулите „близначки“ во Њујорк, само 20 луѓе успеале да ги напуштат зградите пред да се урнат. Меѓу жртвите од 11 септември имало 372 странци.

Големи жртви претрпеа и припадници на градските служби на Њујорк, пред се пожарникари. При падот на кулите „близначки“ загинале дури 343 пожарникари додека се обидувале некако да помогнат.

Деветнаесет членови на Ал Каеда го започнаа нападот со киднапирање на четири патнички авиони кои полетаа од аеродромите во Бостон, Њујорк и Вашингтон.

Киднаперите упаднале во кабините на авионите и користејќи ножеви за хартија како оружје, ја презеле контролата над леталото.

Првиот авион на „Американ ерлајнс“ удри во северната кула во 8 часот и 46 минути, а набргу потоа вториот авион „Јунајтед“ удри во јужната кула. Третиот киднапиран авион удрил во центарот на Пентагон во Вашингтон, додека четвртиот се урнал за време на борбата меѓу патниците и терористите, според официјалната верзија.

Подоцна, соодветните служби на САД оценија дека „мозокот“ на нападите што се случија е Калид Шеик Мухамед.

Во пролетта 2011 година, командоси на американската армија извршија рација во комплекс во Пакистан каде што Осама бин Ладен, обвинет за терористички напади врз САД, се криеше и го убија. За ликвидацијата информираше тогашниот американски претседател Барак Обама.

Во јануари 2013 година, судијата на воениот суд во американската воена база во Гвантанамо, Куба, го отфрли барањето судењето на пет лица обвинети за нападите на Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година јавно да се емитува на телевизија.

На местото на кулите во Њујорк беше подигнат споменик на жртвите, а беше изграден и новиот Светски трговски центар.

Секоја годишнина од нападот е и повод за разни шпекулации, според кои нападот бил инсцениран со цел да започнат нови војни под покровителство на борбата против тероризмот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK