Криминална група извлекла над три тони злато од амазонските шуми: во тек е голема полициска операција

Amazonija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бразилската полиција спроведе операција за разбивање на криминална група обвинета за нелегално извлекување на повеќе од 3,1 тони злато од амазонските шуми.



Во полициското соопштение се наведува дека биле извршени рации на локации поврзани со осомничени членови на криминална организација која илегално ископувала злато од домородниот регион Јаномами во сојузната држава Пара на северот на Бразил.

Со наредба на Федералниот суд беа извршени претреси на најмалку 33 локации, а најмалку 13 лица се уапсени.

Оваа опсежна полициска акција беше спроведена на поширок простор во регионите Амазони, Рораима и Мато Гросо, како и во државата Пара.

Запленети се повеќе од стотици милиони долари, стекнати со перење на повеќе од 3,1 тони илегално ископано злато.

Во соопштението се наведува дека за време на рациите биле запленети и колекции на черепи на нилски коњи, жирафи, биволи, диви пчели и лавови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK