Мицкоски: Над 10 општини аплицирале за капитални проекти како дел од проектот 250 милиони евра за општините, бројката расте

hristijan11092024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање изјави дека јавниот повик за аплицирање на проекти од страна на општините завршува утре, потенцирајќи дека до сега се пристигнати проекти од прилика од 10 до 12 општини.



„Во текот на вчерашниот ден имаше некаде од 10 до 12 општини кои ги поднеле своите апликации очекувам тој процес да забрза и утре да заврши успешно, потоа следи евалуација на истите. Да видиме со што располагаме и потоа започнуваме со реализација на ветеното“, објасни Мицкоски.

Станува збор за капитален проект со кој на општините им се става на располагање над 250 милиони евра за инфраструктурни проекти и нивен развој. Во тек е јавниот оглас каде општините може да аплицираат со свои проекти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK