Единаесет падобранци и пилот загинаа при пад на мал авион во близина на аеродром во американската сојузна држава Мисури.
Несреќата се случила кратко по полетувањето, кога авионот не успеал да достигне доволна висина, нагло свртел налево и се урнал на поле на околу 300 метри од пистата.
BREAKING: 12 killed after plane crashes in Butler, Missouri pic.twitter.com/aEClG1Oora
— Rapid Report (@RapidReport2025) June 14, 2026
Станува збор за едномоторен турбопропелерски авион на компанијата Skydive Kansas City, кој по ударот се запалил.
Локалните власти соопштија дека нема преживеани. Во тек е истрага на National Transportation Safety Board за утврдување на причините за несреќата.
Идентитетот на жртвите засега не е објавен бидејќи нивните семејства сè уште не се официјално известени. Несреќата се случила во близина на градот Butler, околу 105 километри јужно од Канзас Сити.