Уште една промена во врвот на украинската армија, назначен е нов началник на Генералштабот

Уште-една-промена-во-врвот-на-украинската-армија-назначен-е.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го назначи генерал-мајор Анатолиј Бархилевич за нов началник на Генералштабот, по разрешувањето на Серхи Шаптала.

Во своето видео обраќање, Зеленски го опиша Бархилевич како „искусен поединец кој ги разбира задачите на оваа војна и целите на Украина“, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека именувањето е извршено по препорака на новиот врховен командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски.

Сирски беше назначен вчера, откако Валериј Залужни беше разрешен од таа функција.

Во таа прилика Зеленски додаде дека раководството на украинската армија го презема нов тим.

„Сакам визијата за војната да биде иста за нашите војници во Роботин, Авдијевка и Генералштабот“, рече вчера украинскиот претседател.

Во 2020 година Зеленски ја воведе новата функција врховен командант на вооружените сили, покрај досегашната функција началник на Генералштабот.

До таа промена, началникот на Генералштабот беше врховен командант на украинската армија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK