УНИЦЕФ: 90 отсто од децата во Газа немаат доволно храна неопходна за правилен развој

unicef-90-posto-djece-u-gazi-nema-dovoljno-hrane-potrebne-za-pravilan-razvoj-gaza-djeca1_666157eb45411.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) денеска објави дека 90 отсто од децата во Појасот Газа немаат доволно храна неопходна за правилен и здрав раст и развој, предупредувајќи дека неухранетоста кај децата може да доведе до последици опасни по живот.

Во соопштението се наведува дека поради повеќемесечните воени конфликти и намаленото количество хуманитарна помош, системот за снабдување со храна, како и здравствениот систем пропадна во Појасот Газа, што предизвика катастрофални последици за децата и нивните семејства.

Се истакнува дека 90 отсто од децата во Појасот Газа преживуваат со една или две групи на храна дневно, додека децата мора да консумираат храна од најмалку пет од осумте групи на храна, вклучувајќи мајчино млеко, јајца, млечни производи, месо и риба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK