Просечната возраст на воениот персонал на фронтот е 43 години, а сè повеќе има случаи на избегнување воена служба, пишува „Политико“.
Според некои извештаи, од почетокот на специјалната операција, Украина ја напуштиле 650 илјади мажи кои биле воено способни. Минатата година беа осудени околу 1.300 лица кои избегнале регрутирање. Сепак, украинските власти признаваат дека тоа е само мал дел од оние кои избегнуваат регрутирање.
„Напливот на патриотски жар“ забележан во земјата на почетокот на конфликтот стивна, бидејќи бројот на загинати и повредени се зголеми. Расте и песимизмот за иднината: се повеќе луѓе се прашуваат дали „Украина е способна да ја победи војската на Москва“.
Во исто време, Киев продолжува да го одложува донесувањето на законот за мобилизација, што ќе му овозможи да ја зголеми бројката на армијата за 400 илјади луѓе. Властите стравуваат дека длабоко непопуларната мерка може да има далекусежни последици.
„Искрено кажано, мобилизацијата е жешко политичко прашање и никој не сака да го спроведе“, објаснува за „Политико“ пратеникот Николај Књажицки. Тој наведува дека честите дојави од фронтот за недостиг од оружје само ја влошуваат ситуацијата.
Би-Би-Си неодамна објави дека 650.000 Украинци ја напуштиле земјата во изминатите две години, повеќето преминале во Полска и Словачка.
Минатата година, речиси 1.300 лиоца кои избегнале регрутација биле изведени пред судовите, но официјалните лица признаваат дека тоа е само мал дел од оние што ја избегнуваат војската.