Трамп по пресудата: Не знам која е жената која ме обвини

kerol
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави жалба откако поротата го прогласи за виновен за сексуален напад и клевета на колумнистката на магазинот Ела Е.Џин Керол во 1990-тите, поточно во соблекувалната на луксузната стоковна куќа во пролетта 1996 година.







Керол тврдеше дека Трамп ја силувал во стоковната куќа Бергдорф Гудман, а потоа ја наклеветил кога го негирал нејзиното тврдење и рекол дека таа не е негов тип на жена и оти таа го измислува ова за да ја зголеми продажбата на нејзината книга. Американските медиуми забележаа дека било чудно кога рекол дека таа не е негов тип, а при идентификацијата на фотографијата ја помешал со неговата поранешна сопруга.

Трамп ги негираше какви и да се неправилности. Нему не му се заканува затворска казна како резултат на граѓанската пресуда.

„Ќе се жалиме на оваа одлука. Тоа е срамота“, рече Трамп во едно од неколкуте видеа што ги објави на својата платформа „Truth Social“.

Трамп тврди дека не знае кој е Керол и го нарече судењето многу нефер.

На Керол, иако таа не побара одредена сума, и беше доделена отштета од околу пет милиони долари за сексуален напад и клевета. Нејзиниот адвокат претходно истакна дека не можат да одредат сума која ја побаруваат, бидејќи главна причина за тужбата е да се исчисти името на неговата клиентка.

„Некако ќе мора да се бориме со ваква работа. Не можеме да дозволиме нашата земја да падне во оваа бездна. Ова е срамно“, рече Трамп.

Адвокатот на Доналд Трамп Џо Такопина ја нарече одлуката на поротата чудна пресуда, истакнувајќи дека поротата ја отфрлила тужбата за силување против неговиот клиент.

Поротата утврди дека Трамп сексуално ја нападнал Е. Џин Керол во 1996 година, доволно за да го смета за одговорен за нанесување повреди, но не најде докази дека тој ја силувал.

Такопина, говорејќи пред судницата на Менхетен, рече дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Трамп е цврст во своето верување дека не може да добие фер судење во Њујорк, рече адвокатот.

„Мислам дека може да тврдите дека тоа е веројатно точна проценка, врз основа на она што се случи денеска“, рече Такопина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK