Тихановскаја бара Белорусите да бидат внимателни, а меѓународната заедница проактивна по гласините дека Лукашенко е болен

belorusija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Белоруската опозициска лидерка во егзил Свјатлана Тихоновскаја ја повика белоруската јавност и меѓународната заедница „да бидат подготвени за секое сценарио“ во услови кога се сè погласни гласините дека здравјето на белорускиот лидер Алјаксандар Лукашенко е сериозно нарушено.







Белорускиот лидер (68) не е виден во јавност од 9 мај, за време на парадата во Москва, но и тогаш изгледаше слабо и уморно, по што отсуствуваше од свечениот ручек што го приреди рускиот претседател Владимир Путин за странските гости. Тој дури ја пропушти и синоќешната церемонија во Белорусија на која требаше да одржи говор пред белоруските воени ветерани од Втората светска војна.

„Се шират многу гласини за здравјето на диктаторот Лукашенко. Треба да бидеме добро подготвени за секое сценарио. Ставете ја Белорусија на патот на демократијата и спречете ја Русија да интервенира“, напиша на Твитер Тихановскаја. Таа додаде дека на Белорусија и треба „меѓународната заедница да биде проактивна и брза“.

Лукашенко, исто така, не присуствуваше на други јавни настани во последните три недели, но нема официјална изјава за неговата здравствена состојба или причините за неговото отсуство. Прес-службата на Лукашенко соопшти само дека тој продолжува да работи „со документи“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK