Шолц: Не може да дозволиме субвенции за струја

olaf-solc.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гермаскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека државата нема да дозволи субвенции за електрична енергија за индустријата.



Според него, државата не може да си дозволи трајни субвенции за цената на струјата.

-Тоа би било економски погрешно, фискално некоректно и секако би создало погрешни стимулации – вели Шолц, кој пред неколку дена изјави дека е поважно од субвенциите трајно да се намали цената на струјата.

Шолц и претходно зборуваше на оваа тема, па пред неколку месеци најави дека клучот за намалување на цените на енергијата за германската индустрија е да се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори.

Министерот за економија Роберт Хабек смета дека намалената цена на струјата за индустријата треба да важи ограничен временски период за компаниите кои се особено енергетски интензивни и во голема мера се изложени на меѓународна конкуренција.

Германските индустријалци постојано предупредуваат дека цените на електричната енергија се превисоки во споредба со другите земји, ставајќи ја германската тешка индустрија во, како што велат, структурен недостаток во споредба со другите производствени центри како што се САД и Кина.

Германското министерство за економија, на чело со Роберт Хабек, претходно објави план за субвенционирана цена од шест центи за киловат час до 2030 година, но Министерството за финансии на коалициската влада на Шолц се откажа од шемата за субвенционирање, наведувајќи дека таа не се вклопува во буџетот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK