Северна Кореја лансираше ракети кон Јапонското Море, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.
„Нашата војска го зголеми надзорот и будноста и тесно споделува информации поврзани со севернокорејските балистички ракети со американските и јапонските власти“, објави јужнокорејската војска.
Северна Кореја вчера беше обвинета дека преку границата со Јужна Кореја испратила стотици балони со отпад и измет. Во понеделникот, Северна Кореја објави неуспешен обид да лансира сателит во вселената.
На Северна Кореја и е забрането со резолуции на ОН да лансира, па дури и да тестира балистички ракети од кој било дострел. Тензиите на Корејскиот полуостров повторно се зголемија во последните месеци.