Семејство со три деца со автомобил слетало во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот: хорор во Италија

Screenshot-2024-06-10-092857.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Семејство со три деца, со автомобил слетало во морето кај Џенова. Лекарите се борат за животот на мајката и шестгодишното момче.

Трагедијата се случила во саботата под се уште неразјаснети околности.

Според медиумите, се работи за семејство од Милано, а несреќата се случила во туристичката зона на пристаништето во Лавања.

Во саботата семејството дојде од Милано во Лавања за да го помине денот со пријателите. Кога се враќале дома, најверојатно поради погрешен маневар, автомобилот паднал од пристаништето во морето.

Еден нуркач и двајца морнари веднаш скокнале во водата за да ги извлечат заробените патници. За жал, мајката и шестгодишното момче не можеле веднаш да ги извлечат и неколку минути останале заробени на задното седиште.

Повреденото момче со хеликоптер е префрлено во болница во Џенова. И тој и неговата мајка се на одделот за интензивна нега и нивните животи се во опасност.

Според медиумите, таткото и двете деца на возраст од 16 и 12 години се задржани во болница. Тие се во тешка психолошка состојба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK