Во Бадалони, недалеку од Барселона, се урна петкатна зграда, објавија локалните медиуми.
Спасувачките екипи се на лице место во потрага по луѓе затрупани во урнатините, но се уште никој не е пронајден, пренесува „Каталан њуз“.
На местото на несреќата биле ангажирани 13 противпожарни единици, пет медицински единици и екипа психолози.
Причината за несреќата засега не е позната. Евакуирани се соседните згради.