Се урна мал цивилен авион во Германија, двајцата пилоти загинаа

germanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица загинаа при уривање на мал цивилен авион „Лирџет“ во близина на воздушната писта на НАТО во близина на германскиот град Рендсбург, објави денеска „Билд“.







Авионот бил изнајмен од германското воздухопловство, а двајцата пилоти загинале во, како што наведоа, тренажен лет.

Несреќата се случила по полетувањето, а авионот требало да полета кон провинцијата Долна Саксонија.

На местото на несреќата се излезени голем број пожарникари и полиција, а се уште не се познати околностите кои довеле до падот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK