Жена од Аризона обвинета дека се обидела да го отруе својот сопруг во понеделникот пред судот ја признала вината, а ќе и биде изречена казна на 10 мај.
Мелоди Феликано Џонсон во два наврати ставила избелувач во кафето, но не очекувала дека нејзиниот сопруг Роби Џонсон ќе прогледа низ „пеколниот план“.
За потсетување, Мелоди беше уапсена во август минатата година и беше обвинета, но првично се изјасни за невин.
Таа претходно поднела барање за развод, но продолжила да живее со сопругот во Германија, кој служи во воздухопловните сили на САД.
Забележал дека кафето има „чуден вкус“ и се посомневал дека жената се обидува да го убие, за да наплати на полисата за животно осигурување, пишува Дејли мејл.
Набрзо поставил скриени камери во куќата, а Мелоди била снимена како истура избелувач во апаратот за кафе.
Според судските записи, сопругот продолжил да се преправа дека пие кафе, а снимката ја предал на властите, по што неговата сопруга била уапсена.
Мелоди признала дека на 11 и 18 јули минатата година истурила избелувач во уредот, па ѝ се заканува казна затвор од четири години. Постои можност во казната да биде вклучено и времето поминато во притвор.