САД и се закануваат на Украина со гасење на Старлинк доколку не се согласи на договорот, открива Ројтерс


Screenshot-2025-02-22-183633.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американските преговарачи, кои вршат притисок врз Украина да им даде пристап до клучните минерали, навестија можност за прекин на пристапот до виталниот сателитски интернет на Илон Маск, Старлинк, изјавија за Ројтерс три извори запознаени со ова прашање.


Продолжувањето на пристапот на Украина до Старлинк на Спејс Икс беше спомнат во разговорите меѓу американските и украинските официјални лица откако украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одби првичната понуда од американскиот министер за финансии Скот Бесент, велат изворите.

Старлинк обезбедува клучна интернет конекција за Украина, разурната од војна и нејзината војска. Прашањето беше повторно покренато во четвртокот, за време на состаноците меѓу Кит Келог, специјалниот пратеник на САД за Украина, и Зеленски, изјави еден од изворите запознаени со разговорите.

За време на состанокот, на Украина и беше кажано дека ќе се соочи со итно исклучување на услугата доколку не постигне договор за клучните минерали, рече изворот, кој побара анонимност бидејќи преговорите се затворени.

„Украина зависи од Старлинк. Тие го сметаат за своја Северна ѕвезда“, рече изворот. „Губењето на Старлинк би било тежок удар“.

Зеленски ги отфрли барањата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за минерални ресурси во вредност од 500 милијарди долари од Украина како компензација за американската помош во војната, велејќи дека САД не понудиле конкретни безбедносни гаранции.

Вчера, украинскиот претседател изјави дека тимовите на САД и Украина работат на договор, а Трамп рече дека очекува договорот наскоро да биде потпишан.

Маск испрати илјадници терминали Старлинк во Украина за да ги заменат комуникациските услуги уништени од Русија по нејзината инвазија во февруари 2022 година.

Маск потоа јавно изрази поддршка за Украина на социјалната мрежа Икс.

На пример, на 5 март 2022 година, тој им порача на Украинците „да останат силни“.

Истиот ден се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој изјави дека разговарал со Маск за Старлинк и му се заблагодарил за помошта што и ја дава на земјата под руски напад.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK