Руските ракети во Одеса ноќеска погодиле силос за жито и нафтен терминал, има повредени цивили

одеса
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинската државна телевизија Суспилне утринава соопшти дека за време на новиот ноќен напад врз областа Одеса, руските ракети погодиле силос за жито и нафтен терминал, оштетиле цистерни и опрема за товарење и предизвикале пожар.

Вестаза погодените цели утринава ја соопшти Владислав Назаров, портпарол на Командата на украинската армија на јужното бојно поле.



Армијата соопшти дека е погоден индустриски објект, во кој е повреден еден работник, а погодени се и два магацина на различни локации – со тутун и огномети.

Во Одеса се оштетени и неколку станбени згради. Најмалку шест жители на градот, меѓу кои и едно деветгодишно момче, побарале лекарска помош откако биле повредени од скршено стакло и други предмети.

Тврдењата на украинската армија меѓутоа не се потврдени од независен извор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK