Бројот на загинати во шумските пожари што беснеат низ централно Чиле се искачи на 122, а екипите за брза помош сè уште наоѓаат тела закопани во урнатините три дена по избувнувањето на пожарот.
Пожарникарите и војската ги расчистуваат остатоците во станбените области на крајбрежните градови Валпараисо и Вина Дел Мар, каде огнот за неколку минути ги зафатил домовите, пренесува Ројтерс.
Пожарите што избувнаа во централниот дел на Чиле кон крајот на минатата недела се разгореа и се проширија во текот на викендот, пустошејќи ги крајбрежните градски зони Вина дел Мар и Валпараисо.
Стотици луѓе се водат како исчезнати, а околу 14.000 куќи се оштетени.