Ирската авиокомпанија „Рајанер“ е загрижена поради дефектите во авионите на „Боинг“ што ги идентификуваа американските регулатори во извештајот по инцидентите на компанијата „Аљаска ерлајнс“ на моделите „737 макс 9“, изјави денеска извршниот директор на таа компанија Мајкл О’Лири.
„Загрижени сме бидејќи извештајот го нагласува лошиот производствен квалитет на Боинг, но не мислиме дека тоа влијае на нашата флота на авионите 737 или Max 8“, рече О’Лири.
Тој истакна дека на последните 12 авиони, кои Рајанер ги доби во периодот од октомври до декември, забележано е подобрување на квалитетот во споредба со претходниот период од оваа година, пренесе Ројтерс.
Тој рече дека не е сигурен дали зголемениот надзор на Федералната управа за воздухопловство (ФАА) во Сиетл ќе ги забави новите испораки на Боинг за Рајанер до крајот на јуни.
Според прелиминарниот извештај на американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот (NTSB) објавен вчера, недостасуваат четири клучни завртки од затворачот на вратата што излета од авион Max 9 на Alaska Airlines за време на лет на 5 јануари.
Рајанер“, најголемата европска авиокомпанија според бројот на патници и еден од главните клиенти на „Боинг“ – нарача повеќе од 350 Max авиони во последниве години, но ниту еден од Max 9.