Путин: Цел свет се смее на тоа што се случува во Америка, тоа е катастрофа

Нови-британски-санкции-кон-Русија-„Тие-ги-исцрпуваат-ресурсите-што.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека неговата „изборна победа“ покажува дека Москва е во право што му се спротивстави на Западот и ги испрати своите војници во Украина. Путин „освои“ рекордни 88 отсто од гласовите на неделните „претседателски избори“ во Русија, покажаа излезните анкети и првите официјални резултати, консолидирајќи ја неговата власт, иако илјадници противници организираа симболични пладневна протести на избирачките места.


Путин им рече на приврзаниците во победничкиот говор во Москва дека приоритет ќе биде справување со задачите поврзани со, како што ја нарече, „специјалната воена операција“ на Русија во Украина и дека ќе ја зајакне руската војска.

„Има многу задачи пред нас. Но, кога сме консолидирани, без разлика кој сака да не заплаши, потиснете не – никој никогаш не успеал во историјата, не успеал сега, нема да успее во иднина“, рече Путин.

Неговите приврзаници скандираа „Путин, Путин, Путин“ кога тој се појави на сцената и „Русија, Русија, Русија“ откако го одржа поздравниот говор.

Поттикнати од опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина во арктичкиот затвор минатиот месец, илјадници противници протестираа вчера попладне против Путин на избирачките места во Русија и во странство. Путин пред новинарите изјави дека ги смета руските избори за демократски и дека протестот против него инспириран од Навални немал никакво влијание врз исходот на изборите.

Тој рече дека смртта на Навални е „тажен настан“ и потврди дека е подготвен за размена на затвореници во кои е вклучен и опозицискиот политичар. На прашањето на американската ТВ мрежа „Ен-би-си“ дали неговиот реизбор е демократски, Путин го критикуваше американскиот политички и судски систем.

„Целиот свет се смее на она што се случува (во САД)“, рече тој, додавајќи „ова е само катастрофа, а не демократија“.

„…Дали е демократски да се користат административни ресурси за напад на еден од кандидатите за претседател на САД, користејќи го, меѓу другото, и судството? праша тој, очигледно мислејќи на четирите кривични случаи против републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Руските „избори“ се одржаа нешто повеќе од две години откако Путин го започна најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна, со наредба за инвазија на Украина.

Војната ги одбележа тридневните „избори“: Украина постојано ги напаѓаше нафтените рафинерии во Русија, гранатираше руски региони и се обиде да ги пробие руските граници со прокси сили – потег што Путин рече дека нема да остане неказнет.

Иако реизборот на Путин не е доведен во прашање со оглед на неговата контрола врз Русија и отсуството на вистински предизвикувачи, поранешниот шпион на КГБ сакаше да покаже дека има огромна руска поддршка. Неколку часа пред затворањето на избирачките места, излезноста низ целата земја го надмина нивото од 67,5 отсто во 2018 година.

Немаше независни податоци за тоа колку од 114-те милиони руски гласачи учествуваа на протестите на опозицијата, во услови на екстремно строги безбедносни мерки во кои беа вклучени десетици илјади полицајци и безбедносни службеници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK