Продолжуваат израелските напади врз Појасот Газа, загинаа уште двајца членови на Исламскиот џихад

gaza_3242344233
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Двајца Палестинци загинаа, а двајца се ранети попладнево во израелски воздушен напад во близина на Кан Јунис, јужно од Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство на палестинската територија со која управува Хамас.







Во меѓувреме, израелската армија објави видео од тој напад врз група припадници на Исламски џихад, за кои рече дека превезувале противтенковска ракета во автомобил, која планирале да ја истрелаат на границата со Израел. На социјалните мрежи беа објавени фотографии од изгорени остатоци од автомобил.

Како што се наведува во военото соопштение, членовите на Исламски џихад биле следени на патот кон лансирната рампа, пренесоа израелските медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK