Прекината наставата во 22 мексикански градови по серијата силни ерупции на вулканот Попокатапетел

vulkan
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Властите во Мексико ја прекинаа наставата за над 100.000 ученици од училиштата во 22 градови во непосредна близина на вулканот Попокатепетл, чија активност е засилена во последните денови.







Британските медиуми пренесуваат дела наставата е прекината во јавните и приватните училишта на сите нивоа во 22 града поради релативно малите, но силни ерупции што доведоа до расфрлање пепел.

Учениците привремено ќе ја следат наставата онлајн бидејќи пепелта и гасовите исфрлени од ерупциите можат да бидат штетни, а во најлош случај може да доведат до масовна евакуација на населението.

Училиштата во главниот град останаа отворени, но властите препорачаа да се избегнуваат активности на отворено.

Мексиканскиот центар за превенција од катастрофи го задржа жолтото ниво на тревога, што укажува на умерен ризик.

Попокатепетл е висок 5.426 метри и е вториот највисок вулкан во Мексико. Се наоѓа на 72 километри југоисточно од мексиканската престолнина, а околу 25 милиони лица живеат во зона од 100 километри од кратерот на вулканот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK