Пјонгјанг се закани дека ќе преземе соодветни мерки против „лудилото на воените подбуцнувачи“

pjongjang
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Северна Кореја ги обвини САД и Јужна Кореја дека со заедничките воени вежби ја зголемуваат „нуклеарната уцена“.







Пјонгјанг соопшти дека ќе преземе соодветни мерки против „лудилото на воените подбуцнувачи“.

– Нивниот заговор воено да не скршат е уште еден јасен показател дека лудилото на непријателските воени подбуцнувачи достигна точка каде што веќе не може да се занемари, јави државната новинска агенција КЦНА.

Се додава дека „бесната нуклеарна врева меѓу САД и марионетските воинствени лидери“ сигурно ќе доведе до соодветни одговори.

Се нагласува дека Северна Кореја ќе продолжи да ги развива своите програми за оружје и оти „легитимно право на една суверена држава е да има помоќни средства за самоодбрана“ за да се брани од „сериозни ситуации и потенцијални закани“.

Американските и јужнокорејските сили од март оваа година организираат интензивни воени вежби, вклучувајќи воздушни и поморски вежби. Меѓу другото, во вежбите учествуваат американски носач на авиони и тешки бомбардери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK