Отстранети од летот до Њујорк поради „непријатен мирис на телото“: тројца мажи ја тужеа авиокомпанијата

1716823321-shutterstock_2125884980-750x500.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Тројца Афроамериканци поднесоа тужба за расна дискриминација против „Американ Ерлајнс“, тврдејќи дека авиокомпанијата накратко ги отстранила од летот откако други патници се пожалиле на мирис на телото.

Мажите, кои не седеле заедно и не се познавале, велат дека сите црнци биле отстранети од летот на 5 јануари од Феникс до Њујорк.

„Американ ерлајнс нè издвои затоа што сме црнци, не посрамотија и не понижија“, рекоа мажите во заедничката изјава, пренесува Би-Би-Си.

Компанијата со седиште во Тексас соопшти дека го истражува случајот бидејќи наводите „не се во согласност со нејзините вредности“.

Според федералната тужба поднесена од групата за застапување на потрошувачите „Public Citizen“, мажите веќе седнале на своите места и се подготвувале да заминат од Феникс кога стјуардеса им пришла на секој од нив и ги замолила да излезат од авионот.

Алвин Џексон, Емануел Џин Дозеф и Ксавиер Вајл наведуваат дека додека заминувале сфатиле дека „сите црнци на летот биле отстранети“.

Секој од мажите долета од Лос Анџелес претходно во текот на денот без инциденти.

На излезот од авионот, на тројцата мажи, заедно со уште петмина, агентот на авиокомпанијата им кажал дека биле „отстранети затоа што стјуардеса се пожалила на мирис на телото на неидентификуван патник“.

„Нема никакво објаснување освен бојата на нашата кожа“, рекоа тројцата мажи, додавајќи: „Јасно е дека ова беше расна дискриминација“.

Вработените во „Американ ерлајнс“ се обидоа да го пререзервираат летот за мажите, но таа вечер немало други летови за Њујорк. На групата потоа и беше дозволено да ги заземе своите места на првичниот лет.

„American Airlines“ соопшти: „Ние ги сфаќаме сите тврдења за дискриминација многу сериозно и сакаме нашите клиенти да имаат позитивно искуство кога ќе изберат да летаат со нас. Нашите тимови моментално го истражуваат случајот бидејќи наводите не ги одразуваат нашите основни вредности или нашата цел да се грижиме за луѓето“.

Во тужбата се додава дека пилотот, додека мажите чекале надвор од авионот, им соопштил на патниците дека доцнеле поради проблем со „телесен мирис“. Обвинителите велат дека тврдењето за смрдеа е лажно.

Еден од мажите изјави за Би-Би-Си дека „отуѓувачкото“ искуство го потсетува на херојот за граѓански права Роза Паркс, која беше принудена да седи во задниот дел од автобусот во Алабама во 1955 година поради расна дискриминација одобрена од државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK