ФРОНТЕКС: Мигрантскиот бран преку централен Медитеран зголемен за 300 отсто

frontex
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Приливот на мигранти низ централен Медитеран достигна невидено ниво бидејќи шверцерските банди се повеќе се организираат и многу е полесно да се направат импровизирани пловни објекти, изјави директорот на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС), Ханс Лајтенс.







Во периодот од јануари до април бројот на нерегуларни влезови во ЕУ преку централниот дел на Средоземно Море зголемен е за речиси 300 отсто во споредба со истиот период во 2022 година, достигнувајќи 42.200.

Никогаш не сум видел вакво нешто досега. Во овој момент бележиме раст од 1.100 проценти во однос на минатата година, особено од Тунис, наведе Лајтенс.

Според него зголемувањето е последица на промената на начинот на работа на шверцерите и поевтиното криумчарење мигранти.

Во моментов се користат мали метални пловни објекти што можат да се направат на плажа за еден ден, а чинат околу 1.000 евра. Пониската цена значи дека им требаат повеќе луѓе. Тоа може да ги објасни овие бројки, посочи Лајтенс.

Тој додаде дека шверцерите се повеќе се организираат и се натпреваруваат меѓу себе „и немаат проблем да изгубат човечки животи“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK