Од прослава на мала матура, директно во болница: две девојчиња им кажале на родителите во Букурешт дека не се сеќаваат на ништо

bolnica-dete-830x0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Полицијата во Романија покрена истрага откако две девојчиња во близина на Букурешт отишле директно во болница од мала матура во состојба на интоксикација. Девојките наводно им рекле на родителите „дека не се сеќаваат што земале да консумираат“.

„Врз основа на информациите кои кружеа во родителските групи, станува збор за полуматурата која се одржала ноќта помеѓу 31 мај и 1 јуни, а децата завршиле во болница откако конзумирале алкохол и други супстанци, па полицијата проверува се и презема мерки во рамките на нивните надлежности“, изјави портпаролката на полицијата во Илфово.

Проблеми имало и со постари матуранти, па истрага се води и во едно средно училиште. Лекарите и експертите апелираат да се внимава при организирање на прослави по повод крајот на учебната година.

Романските медиуми наведуваат дека сè поголем број деца и тинејџери кои доаѓаат во болница се во сериозна состојба на алкохолизам или прекумерна употреба на наркотици. Како што наведуваат, лекарите секојдневно спасуваат по најмалку два животи на малолетни лица, а кога матурираат, таа бројка често е и поголема.

„Имав 12 години кога за прв пат пробав дрога, а тоа почна повеќе од љубопитност. Завршив на одделението за интензивна нега, по предозирање, со 30 отсто шанси да излезам од таму“, вели 15-годишно девојче, кое поради дрога било на смртна постела

„Обсервер“ пишува дека во детската болница „Григоре Александреску“ во главниот град, секој месец итно пристигнуваат речиси 60 пациенти по труење со бензодиазепини, односно лекови препишани од психијатар, кои доброволно ги консумираат како лекови.

Се зголемува бројот на малолетници кои се хоспитализирани во состојба на тешка интоксикација, особено за време на матурата.

„Најчесто ги оставаме на лекување во болница, без разлика на клиничките симптоми, секоја интоксикација ни е итен случај, во најголем број случаи ги носи член на семејството, но секако ни носат пациенти и од локации каде интоксикација се случила, понекогаш од забави, понекогаш од јавни места“, вели Вјорела Нитеску, директор на Одделот за токсикологија во Детската болница во Букурешт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK