Нов напад со нож во Сиднеј: бискуп избоден за време на црковна служба, најмалку 4 лица повредени

hh-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку четири лица се повредени во напад со нож во црква во западниот дел на Сиднеј.

Нападот се случил  додека епископот водел богослужба, која била емитувана на интернет.

На местото на настанот излегле неколку екипи на полицијата и итната помош.

Меѓу повредените има четворица мажи, за кои се претпоставува дека се на возраст од 60, 50, 30 и 20 години. Меѓу ранетите е и бискупот.

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како напаѓачот му приоѓа на бискупот и го прободува со нож, јавуваат австралиските медиуми. Снимката не е проверена, а полицијата не потврдила дека се случил овој инцидент.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK