Норвешка ќе инвестира над 100 милиони долари во украинската одбранбена индустрија


kiev-ukraina-Depositphotos_405810564_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Норвешката влада денеска најави инвестиција од една милијарда норвешки круни (107,6 милиони долари) во Украина, во соработка со норвешкиот деловен сектор.


Средствата се наменети за поттикнување дополнителни приватни инвестиции од Норвешка во украинската одбранбена индустрија.

„Норвешките инвестиции можат да помогнат украинскиот одбранбен сектор да се развива уште побрзо“, изјави норвешката министерка за индустрија и трговија, Сесилие Мирсет.

Со програмата ќе управува „Инвестинор“, норвешка инвестициска компанија во државна сопственост.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK