Иранските државни медиуми објавија осумминутно видео со упатства за граѓаните како да се заштитат во случај на нуклеарен напад, во време на зголемени тензии меѓу Иран, САД и Израел.
Видеото, објавено на 29 октомври од државната агенција ИРНА, е подготвено од службите за итни случаи во провинцијата Исфахан, каде што се наоѓа и нуклеарниот објект Натанц.
Во него граѓаните се советуваат да не гледаат директно во блесокот од експлозијата, веднаш да побараат засолниште во цврста зграда, по можност во подрум, и да избегнуваат изложување на радиоактивни честички. Се препорачува да останат во засолниште најмалку 24 часа и да ги следат официјалните известувања.
Објавувањето на видеото привлече внимание откако американскиот коментатор Такер Карлсон изнесе непотврдени тврдења дека претседателот Доналд Трамп би можел да нареди нуклеарен напад врз Иран во наредните денови.
Ниту американските ниту израелските власти потврдиле дека се разгледува таков напад. Иранските власти, пак, соопштението не го поврзале со конкретна закана, а видеото е објавено во рамките на националната недела на цивилна заштита.