Нетанјаху дојде на границата со Либан: „Ние сме подготвени да дејствуваме силно овде“

netanjahu3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја посети границата со Либан на северот на земјата, каде рече дека Израел е подготвен да преземе силни акции во областа. Северните погранични градови на Израел, од кои многу се евакуирани, се чести мети на ракетни и беспилотни напади на либанската милитантна група Хезболах.

Ракетите предизвикаа огромни пожари оваа недела, изгореа големи области низ северен Израел.

„Кој мисли дека може да ни наштети, и дека ќе седиме со скрстени раце, прави голема грешка. Подготвени сме за многу силна акција на север. Вака или онака, ќе ја вратиме безбедноста на север“, кажа Нетанјаху.

Хезболах, поддржан од Техеран, разменува оган со Израел во последните осум месеци, додека трае војната во Газа, предизвикувајќи загриженост дека би можел да избие поширок конфликт меѓу тешко вооружените ривали.

Непријателствата меѓу Израел и Хезболах го достигнаа најлошото ниво откако тие влегоа во војна во 2006 година, а десетици илјади луѓе од двете страни на границата беа принудени да ги напуштат своите домови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK