Нападнат полициски конвој во Франција има загинати: превезувале затвореник кој побегнал со напаѓачите

policiska-akcija-francija-x-epa.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени во напад на полициски конвој кој превезувал затвореник во Франција, пренесуваат медиумите во регионот.

Нападот се случил околу 11:00 часот во близина на наплатна рампа во Ере, департман на северот на Франција.

Според француските медиуми, напаѓачите избегале со затвореникот кој бил во конвојот.

Избеганиот затвореник е познат по прекарот „Мува“, а е осуден за кражба и провала.

Нападот, во кој учествувале неколку вооружени мажи, се случил на наплатната рампа на автопатот А154 околу 11 часот, пишуваат медиумите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK