Најмалку 12 загинати, 80 повредени во стампедо на Мадагаскар

hj-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Најмалку 12 лица загинаа, а 80 се повредени во стампедо што се случи за време на отворањето на игрите во Индискиот Океан што требаше да се одржат во Мадагаскар, во Атананариво.

Како што јави агенцијата Ројтерс, трагедијата се случила кога публиката се обидела да влезе на свеченото отворање.

Наводно, околу 50.000 гледачи се обиделе да влезат на стадионот Баре кога настанала паника и навалица во која загинале најмалку 12 лица.

Ова го потврди и претседателот на Мадагаскар Андри Рајоелина, кој присуствуваше на отворањето на игрите:

„Трагичниот настан се случи бидејќи имало туркање. На влезот има мртви и повредени“, рече тој.

Овие натпревари  се на програмата на секои четири години на различни острови од југозападниот дел на Индискиот Океан, а според програмата требаше да траат до 3 септември.

Игрите во Индискиот Океан се одржуваат околу 40 години на секои четири години на различни острови во југозападниот дел на Индискиот Океан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK