Над 29.000 луѓе се евакуирани во Канада поради шумски пожари

pozar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шумските пожари во канадската провинција Алберта продолжуваат да се шират и покрај дождот и падот на температурите, соопштија синоќа властите, пренесува ДПА.







Над 375.000 хектари земја во покраината веќе изгореа, а повеќе од 29.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови. Вкупно 31 од 108 активни шумски пожари се надвор од контрола, што ги принуди властите доцна во саботата да прогласат вонредна состојба.

Прогласувањето на вонредна состојба овозможува ослободување на федералните средства за борба против огнот.

Неодамнешните дождови помогнаа да се изгаснат пожарите, изјави началничката за заштита од пожари во Алберта, Кристи Такер. „Тоа им овозможи на пожарникарите да работат во некои области на пожарот до кои не можеа да стигнат поради екстремната природа на пожарите.

Пониски температури и поголема влажност се очекуваат во следните неколку дена, додаде таа. Според Такер, властите побарале помош од соседната американска држава Монтана.

Сè уште не може да се процени степенот на штетата.

Колин Блер, директор на Агенцијата за управување со вонредни состојби во покраината, изјави за канадската телевизија Cи-Би-Си дека приоритет е заштитата на животи и управувањето со итни случаи.

Според властите, од јануари досега веќе се случиле повеќе од 360 пожари.

Експертите предупредуваат дека климатските промени ќе ја зголемат зачестеноста и интензитетот на шумските пожари. Во западните провинции на Канада, просечната температура се зголемила за 1,9 степени Целзиусови од средината на 20 век, според канадската Канцеларија за животна средина и климатски промени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK