На границата меѓу САД и Мексико релативно мирно, почна спроведувањето на новите правила за миграција

deca_migranti_435354353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– На границата меѓу САД и Мексико владее релативен мир по укинувањето на ограничувањата воведени поради пандемијата и истовременото стапување во сила на новите прописи за имиграција.







Мигрантите се приспособија на новите строги прописи воведени за да се обесхрабрат илегалните преминувања и чекаат да се реализира ветувањето за нови легални начини за влез во САД, јавуваат локалните медиуми.

Вчера истече регулативата позната како член 42, која беше во сила од 2020 година поради коронавирусот и која дозволуваше секој мигрант веднаш да биде протеран од земјата при влез без да се разгледа барањето за азил.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден воведе нови прописи кои стапија во сила во исто време со истекот на оваа регулатива за пандемијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK