На Германија и требаат 75.000 нови војници

germanska-vojska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







На Германија ѝ се потребни најмалку 75.000 дополнителни војници за да ги исполни своите обврски во НАТО, бидејќи алијансата го прилагодува своето одбранбено планирање за да се спротивстави на она што го гледа како сè поагресивна Русија, објави „Шпигел“.

Повиците за повеќе војници би можеле да претставуваат дополнителен предизвик за германската влада, која се обидува да обезбеди средства за повисоки трошоци за одбрана од почетокот на руската инвазија на Украина и дебатира за повторно воведување на некоја форма на регрутација.

На минатогодишниот самит во Вилнус, лидерите на НАТО ги одобрија првите големи одбранбени планови од крајот на Студената војна, кои се однесуваат на одговорот на алијансата на можен руски напад.

Одлуката претставува значајна промена во политиката имајќи предвид дека НАТО со децении не правел такви планови бидејќи учествувал само во помали војни во Авганистан и Ирак, а постсоветската Русија повеќе не ја сметал за егзистенцијална закана.

НАТО и воените планери на земјите-членки сега ги преточуваат плановите во конкретни потреби, каде што го препознаа недостатокот на војници, оружје и друга опрема за одбрана од руски напад, што, според врвот на германската армија, може да се случуваат најрано во 2029 година.

Сојузниците ќе мора да преговараат која земја кои празнини ќе ги пополни врз основа на потребите. Откако ќе се постигне договор, потребите потоа ќе се претворат во нови цели за капацитети на НАТО за секоја земја-членка.

Новите потреби значат дека на германските вооружени сили (Бундесвер) ќе им бидат потребни дополнителни 75.000 војници за да ги пополнат сојузничките корпуси, дивизии и бригади неопходни за спроведување на одбранбените планови, пишува Шпигел, повикувајќи се на доверливи документи.

Германското Министерство за одбрана не беше веднаш достапно за коментар. Бундесверот моментално има околу 180.000 војници и 80.000 цивилни вработени. Трошоците за одбрана веќе станаа проблематично прашање за тричлената коалиција на канцеларот Олаф Шолц во дискусиите за буџетот за следната година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK