Министерот за надворешни работи на Украина: Одржувањето руски избори на окупираните територии е незаконско и неважечко

kuleba-x-epa.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, денеска изјави дека одржувањето на руските избори на окупираните територии на Украина е незаконско и неважечко.


Тој истакна дека изборната кампања во Доњецк, Луганск, Запорожје, Херсон и Крим е уште една демонстрација на руското „континуирано непочитување на меѓународното право“, пренесува „Ројтерс“.

„Присилувањето милиони украински граѓани кои живеат на привремено окупираните територии или насилно преместени таму да учествуваат на таканаречените избори е подеднакво нелегално“, додаде Кулеба.

Министерството ги повика Украинците да не гласаат на претседателските избори на 15-17. март, кои, како што пишува Ројтерс, ќе му овозможат на Владимир Путин да го престигне Јосиф Сталин како владетел со најдолг стаж во Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK