Шефот на НАТО: Ова е критичен момент, Украина треба да биде снабдена со оружје и муниција

e2e90ae9-1dff-473e-a598-7a2eb2ab148b.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска повторно повика Украина што поскоро да биде снабдена со оружје и муниција, бидејќи секој ден одложување има реални последици на бојното поле. „Сите сојузници треба да загребат длабоко и брзо да испорачаат. Секој ден одложување има реални последици на бојното поле во Украина“, рече Столтенберг.

„Ова е критичен момент и би било тешка, историска грешка да се дозволи Путин да надвладее. Не можеме да дозволиме авторитарните лидери да се пробијат преку употреба на сила, тоа би било опасно за сите нас“, додаде тој додека го презентираше годишниот извештај за 2023 година.

Нагласувајќи дека членките на НАТО заедно имаат капацитет да ја снабдат Украина со неопходното оружје и муниција, Столтенберг вели дека сега е неопходно да се покаже политичка волја за тоа.

НАТО обезбеди 99 отсто од целата воена помош за Украина минатата година и продолжува да дава невидени нивоа на помош, вклучувајќи артилерија, муниција, тенкови и оклопни возила, патролни чамци, противвоздушна одбрана, хеликоптери, беспилотни летала и, за прв пат, радари. Беа испорачани и ракетни системи со долг дострел, а сојузниците се согласија да испратат авиони Ф16.
„Невидената помош од сојузниците во НАТО и помогна на Украина да опстане како суверена, независна држава, но тоа не е доволно. На Украина сега и е потребна поголема помош. На Украинците не им недостасува храброст, им снемува муниција“, рече Столтенберг. Тој додаде дека поддршката за НАТО е исклучително силна од двете страни на Атлантикот.

„Доколку се гласаше денеска, огромното мнозинство од сојузничките земји би гласале за НАТО, на пример во САД само 13 отсто би гласале против. Повеќе од 80 отсто од граѓаните во земјите-членки на НАТО веруваат дека Северна Америка и Европа мора да продолжат да работиме заедно за нашата заедничка безбедност“, рече Столтенберг и посочи дека две третини од граѓаните сакаат континуирана помош за Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK