Милер: Русија продолжува да ја користи храната како оружје на војната

miler
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повлекувањето на Русија од договорот за жито е силен удар за снабдувањето со храна во најранливите земји во светот, изјави синоќа на брифингот Метју Милер, портпарол на Стејт департментот. Истакна дека дејствијата на Москва го ставаат во опасност глобалното снабдување со храна, додека цените на житариците растат.

-Русија вчера се повлече од учеството на Црноморскиот договор за жито. Ова е нејзин последен удар врз снабдувањето со храна во светот. Само неколку часа потоа Кремљ испрати вооружени дронови и го засипа со проектили украинскиот центар за жито, пристаништето Одеса. А потоа, денеска, портпаролот на Путин се закани по безбедноста на украинските бродови ако се осудат да превезуваат храна низ меѓународните води, изјави Милер.



Очигледно е, додаде тој,  дека Русија продолжува да ја користи храната како оружје на војната, и овој пат ударот не е само врз народот на Украина, туку се засегнати и глобалното снабдување со храна и цените.

-Шеесет и пет отсто од овие испораки се до најранливите земји и луѓе. Светот не треба да биде изигран од последните лаги на Москва. Ударот од овие дејствија веќе се чувствува, посебно на Блискиот исток и во Африка, изјави Милер.

Тој истакна дека во изминатите 24 часа на светските берзи веќе се забележуваат зголемени цени на сојата, пченицата и пченката „додека Русија продолжува да прави рекордни профити од својот извоз на житарици“.

Тој рече дека САД и Киев разгледуваат продолжување на договорот без учество на Русија, а по предлогот испратен до ОН од украинскиот претседател Владимир Зеленски. Украина разгледува начини на испорака на земјоделски производи преку други маршрути.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK