Мерц: ЕУ е подготвена постепено да ги ублажи санкциите врз Иран доколку се постигне сеопфатен договор


Depositphotos_566542370_S.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерите на Европската унија одржуваат самит на Кипар со претставници од Египет, Сирија и Либан.


Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, им кажал на колегите дека ЕУ е подготвена постепено да ги ублажи санкциите врз Иран доколку се постигне сеопфатен договор, објави „Ројтерс“.

„Ова е, така да се каже, дел од придонесот што можеме да го дадеме за да го унапредиме овој процес и, се надеваме, да доведеме до траен прекин на огнот“, рече Мерц.

Агенцијата „Франс прес“ го цитираше претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, кој изјави дека Ормутскиот теснец мора „веднаш повторно да се отвори без ограничувања и без обвиненија“, додавајќи дека тоа е „од витално значење за целиот свет“.

Пред состанокот, шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, предупреди дека светот може да заврши со поопасен Иран доколку разговорите не резултираат со договор толку силен како нуклеарниот договор од 2015 година, од кој американскиот претседател Доналд Трамп се повлече за време на неговиот прв мандат.

 

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK